Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Kumanovonews вчера предпладне регистрираше една интервенција на автобуската постројка пред Основниот суд, кога беше подигната шкода фабија.
Пајак службата веќе неколку дена е на терен и ги крева неправилно паркираните возила во градот. Kumanovonews вчера предпладне регистрираше една интервенција на автобуската постројка пред Основниот суд кога беше подигната шкода фабија. Граѓаните сеуште не навикнати на оваа појава со неверување и голема заинтересираност го следеа земањето на возилото, при што гласно коментираа.
Нема смисла ова што го прават. Паркинг немаме ни за лек, а важно пајак имаме да ги казнува граѓаните- вели еден повозрасен човек.
Дел од граѓаните ја подржуваат одлуката на локалната власт за новата пракса на воведување ред во сообраќајот. Тие сметаат дека треба да се стави крај на сообраќајниот хаос единствено со казнување, бидејќи возачите се толку дрски кон другите учесници во сообраќајот што ги оставаат возилата каде што ќе стигнат.
Пешаците се движат по улица, затоа што тротоарите се зафатени со возила. Нашите сограѓани да можат со кола би влегле на работа или таму каде што треба да завршат некоја работа. Мислам дека ние сме најмрзливите луѓе во светот, само во клозет не одиме со кола. Пајакот е потребен за да се сменат одредени навики кај граѓаните. Ако некој има пари, нека се паркира кај сака, во спротивно ќе ги почитува правилата - вели вработена од соседните дуќани.
Сепак граѓаните се плашат дека како и во се друго досега, и оваа работа ќе биде кампањска и ќе трае многу кратко. При тоа привилегирани ќе бидат оние со партиско-роднинските врски и западниот дел на градот, каде вообичаено локалните и државни органи не се толку ефикасни во спроведување на законот.
Со пајак службата стопанисуваат јавните претпријатија „Куманово-паркинг„ и „Чистота и зеленило„, со асистенција на СВР Куманово.