Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Средното општинско училиште „Перо Наков„ во двата термина на првиот рок запишани се 137 ученика, а за августовскиот упис останува место уште за толку.
Одзивот на учениците го задоволува бројот за формирање на паралелки во економско правната и трговска струка.Така за профилот економски техничар имаме пријавено 77 ученици,а за во август останиваат уште максимум 25 слободни места. Техничар за трговија и маркетинг за две паралелки пријавени се 30 ученика, а може да се пријават уште 38, за деловен секретар имаме примено 15 ученика,а имаме уште 19 слободни места.За кожарско-текстилната струка бројот на учениците е многу мал и имаме запишано само 2 ученика и 32 слободни места, техничар за обувки пријавено 13 ученика, а може да примиме уште 28. Од трет степен од двата профила немаме пријавено ниту еден кандидат, односно имаме слободни 34 места-вели Марјан Алексиќ помошник директор во училиштето.
Во августовскиот уписен рок ќе дојде до промена на бодовната листа, така да сите ученици кои се пријавиле во одредени струку, а не ги исполниле условите во првиот уписен рок со намалување на поените имаат шанси да се запишат во саканата насока.
Проблемот е со третиот степен, бидејќи трета година по ред не се пријавуваат ученици на огласот што го распишуваме.Интересно е што текстилната и кожарската струка барем во нашиот град имаме многу потреба од овој профил ама интерес кај децата нема- вели Алексиќ.
Во вториот уписен рок и оние ученицикои имаат слаб успех и не ги исполнуваа потребните бодови ќе бидат запишани, бидејќи средното училиште е задолжително.