Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од задутре во одделот за епидемиологија во Центарот за јавно здравје почнува вакцинацијата против сезонски грип.
Набавени се 1200 дози флуорикс од германско производство, но ако постои потреба ќе бидат нарачани дополнителни количини.
Вакцината е наменета за хронично болните, луѓето со слаб имунитет. Тука спаѓаат дијабетичарите, астматичарите, луѓето со срцеви болести, постарите над 65 годишна возраст. Истото важи и за вработени во администрација или здравстевните работници кои доаѓаат во контакт со болни. Можат и бебињата постари од шест месеци да примаат вакцина против грип - вели Јадранка Стаменковска, епидемиолог во Центарот за јавно здравје.
Вакцините ја имаат истата цена како и лани, односно чинат 400 денари.