Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Една жена е полесно повредена во сообраќајна несреќа што денеска напладна се случи на булеварот „Октомвриска Револуција„ кај Спортската сала.
До сообраќајката дошло кога форд караван кој се движел од населбата Проевце кон градот, во мометот кога вртел на раскрсницата кон економското училиште, удрил во тегет пунто коe доаѓало од спротивната насока. Од силината на ударот пунтото изгубило контрола и удрило во бетонската ограда на коловозот, по што се превртрло на кровот. Жената била извадена од возилото и пренесена во болницата, каде и билe констатирани само лесни повреди. Полицијата извршила увид на лице место, а како причина за сообраќајката се наведува непочитување на предност при минување, од возачот на фордот кој останал неповреден.