Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Советот на Општината Куманово денеска и официјално започна употребата на српскиот и ромски јазик. Со поставување на техничката опрема и ангажирање на двајца преведувачи на денешната седница советниците Срби и Роми зборуваа на својот мајчин јазик.
Како што ветивме за денешната седница ги завршивме сите неопходни законски и технички работи и како што доликува и започнавме со примена на Одлуката за воведување на српскиот и ромски јазик во работата на Советот на Општината Куманово.Ова е првпат од осамостојувањето на државата и функционирањето на Советот да се воведе таква можност и ние како локална самоуправа им упатуваме искрени честитки на Србите и Ромите за оваа придобивка- рече секретарот на Општината Оливер Спасовски.
За дадената подршка за употреба на мајчиниот јазик на колегите советници им се заблагодарија советниците Емилија Томиќ од ДПСМ и Зекрет Ќазимовски од СДСМ.
Во Советот на Општината Куманово покрај на македонскиот и албански јазик сега се зборува и на српски и ромски јазик, откако во мај годинава беше прифатена Одлуката за употреба на јазиците на малцинствата во Општината.