×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Во среда бадникот тргнува од Табановце

    03.01.2011 13:58 | KumanovoNews

     Здружението ,,Коледари‘‘ по единаесетти пат ја организира традиционалната прослава  на  Бадник, а овој пат  прославата ќе започне од пред основното училиште „Браќа Рибар„ во селото Табановце.

    Во среда бадникот тргнува од Табановце

    „Ги очекуваме сите табановчани, од најстаро до најмладо да дојдат пред основното училиште во 11 часот за да ги пречекаат бадникарите од Куманово, по што, со Божја помош и благослов, во 12 часот ќе започнат традиционалните обредни божиќни адети со палење на голем бадникарски огин, проследени со општонародна веселба. Предвидена е и заедничка празнична трпеза зачинета со традиционална греена ракија, вино и безалкохолни пијалаци. Сите учесници во прославата ќе можат дома да си понесат и божиќни гранчиња. Потоа бадникот од Табановце ќе биде пренесен на плоштадот во Куманово каде во наредните два дена ќе следуваат останатите бадникарски и божиќни ритуали. Верниците од Табановце, како домаќини на годинашнава коледаријада и Здружението „Коледари„ од Куманово, ги покануваат заинтересираните христијански верници на прославата на бадникот во Табановце и чест им е доколку со свое присуство ги удостојат и градоначалниците на Куманово и на Старо Нагоричане Зоран Дамјановски и Миле Јовановиќ‘‘ - порачуваа Киро Соларски од  здружението „Коледари„.