Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денес претпладне во населбата ,,Средорек‘‘ започна со работа еден од двата пункта за превентивна вакцинација против мали сипаници кај децата.
На пунктот на улицата „Доне Божинов„ во текот на денов треба да се јават 42 децат од предшколска и школска возраст евидентирани во документацијата на Здравствениот дом. На 20 април ќе работи вториот пункт во долниот дел на ,,Средорек‘‘ т.н. ,,Бавчи‘‘ каде истото така треба да бидат опфатени триесеттина деца. Денеска во првиот пункт во првите неколку часа за вакцинација беа донесени дваесеттина деца од кои само неколку беа вакцинирани, а останатите се вратени како заболени главно од настинка и додека не се залечат не смеат да се вакцинираати. Имаше и повеќе случаи на донесени деца од родители, а претходно вакцинирани од оваа заразна болест.
Инаку, со оваа вонредна превентивна вакцинација против мали сипаници треба да биде опфатена популацијата на деца и млади до 40 годишна возраст кои до сега не се вакцинирани што може да се провери во нивните здравствени книшки. Децата до 6-годишна возраст се вакцинираат во детскиот диспанзер во Здравствениот дом, децата над шест и младите до 18 години во амбулантата во Населбата ,,Тоде Мендол‘‘, а лицата од 18 до 40-годишна возраст во Центарот за јавно здравје. Според стручњаците од областа на инфективни болести, морбилите, или мали сипаници, претставуваат заразна болест што се пренесува речиси исклучиво преку воздухот, а единствена превентива е вакцинацијата.