Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Студентот Милош Стошиќ (20) го фати крстот и беше најсреќен од триесетината момчиња што скокаа во базенот на осветените води во црквата „Свети Никола„.На Милош ова му е првпат да скока по крстот за Водици.
Чувството е посебно и пресреќен сум што јас го фатив крстот. Имав повеќе среќа од останатите момчиња и во мои раце дојде светиот крст. Се надевам дека среќата ќе ме следи во текот на цела година и ќе има многу здравје за моето семејство. Досега сум им давал подршка на моите другари и не сум скокал, ова е првпaт и ми се посреќи-вели Милош.
Традиционално од црквата, Милош доби златно синџирче и Библијата, додека членовите на здружението „Коледари„ му врачија икона и членска карта од Здружението.Подароци за среќното момче имаше и од други спонзори.