Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од завчера започна увидот во избирачкиот список. Во наредните десетина денови граѓаните ќе можар да направат увид во Избирачкиот список, заклучно до 4 мај.
Во Куманово граѓаните увидот можат да го извршат секој ден до 19 часот, вклучувајќи ги и деновите од викендот, во канцеларијата на подрачното Министерство за правда, кое се наоѓа во општинската зграда.
Роковите за увидот се скратени, согласно изборниот законик, поради тоа што се работи за предвремени парламентарни избори. Веднаш по затворањето, Државната изборна комисија најдоцна за десет дена ќе го заклучи Избирачкиот список, во кој ќе се направат сите промени кои произлегле од увидот.