Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започнаа уписите во единствената приватна високообразовна установа во градот. Во “Еуро колеџ“ во новата учебна година ќе се запишат 100 студенти.
Според акредитацијата, за додипломски студии по бизнис администрација 60 места се за вонредни и трансфер студенти, а останатите 40 се за редовно студенти. Од нив половина веќе се потполнети.
Средношколците веќе доаѓаат и конкурираат. Се надеваме дека до крајот на овој месец квотата за редовни студенти ќе биде потполнета, а потоа ќе се занимаваме со вонредните студенти. За нив најповеќе се заинтересирани наши луѓе кои работат во Авганистан. Исто така и наши студенти кои се вработени во компании во Куманово или во други градови. Ни доаѓаат студенти од соседните земји, а највеќе оние кои работат во Дубаи. Најголем интерес засега имаме од оние кои студираат на универзитетите во Скопје, од државниот “Кирил и Методиј“, од ФОН, од Универзитетот во Свети Николе, од Економскиот факултет од Прилеп - вели Љубиша Петрушевски, декан на “Еуро колеџ“.
Деканот очекува до 15 септември поголем дел од квотата да биде пополнета, но за оние што од одредени причини нема да се пријават во првиот рок се планира и вонреден упис во октомври. Во ноември уписите ќе бидат затворени.
Ќе останат неколку празни места ако некој во јануари сака да направи трансфер. За да се запишат во “Еуро колеџ“ средношколците треба да имаат положено државна матура и завршено четиригодишно средно образование- додава Петрушевски.