×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Водокорисниците да го платат заостанатиот долг

    28.01.2011 09:50 | KumanovoNews

     Водостопанство „Кумановско Липковско поле„ достави  1792 решенија на водокорисници кои не го измириле или делумно го измириле долгот за 2009 година.

    Водокорисниците да го платат заостанатиот долг

    По истекот на законскиот рок од 15 дена за поднесување на жалби од денот на приемот на решението до Одборот на корисници на вода ќе се одлучува по обжалените решенија, по што решенијата стануваат правосилни.

    Како не би биле во ситуација долговите да ги наплаќаме преку Извршители, а со што и водокорисниците да бидат ставени на поголеми трошоци се надеваме дека истите благовремено ќе си ја исполнат својата обврска- рече директорот Дејан Божиновски.         

    Решенијата за наплата на долгот за наводнување за сезоната 2009 година се испратени преку Македонска Пошта на почетокот на овој месец.