Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Водостопанство „Кумановско Липковско поле„ по успешно завршената обврска, обука за финасиско и организациско работење на водните заедници, доби резервни делови во висина 825 илјади денари.
За непречено функционирање на Хидро мелеоративниот систем „Липково„ набавени се шибери со различни пресеци, хидрантски буриња, клапни и жибо спојки, кои ќе бидат искористени за делумно санирање на системот за наводнување при подготовка на идната сезона.
Сретствата ги обезбедија Mинистерство за земјоделие шумарство и водостопанство, Управа за водостопанство и Светска банка преку Проектот за зајакнување на капацитети во земјоделство и пристап кон ЕУ. Водостопанство Кумановско-липковско поле успешно ги заврши информативните обуки во водни заедници ги организираше на подрачјето на кумановско-липковскиот регион-рече директорот Дејан Божиновски.