Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Директорот на ЈП „Водовод„ Виктор Божиновски ги отфрла изнесените информации од менаџерскиот тим на Вододстопанство „Кумановско-Липковско поле„ дека ќе мораат да плаќаат повисока цена за испорачаната сирова вода, затоа така одлучил Судот.
СНе е точно дека се работи за конечна одлука, бидејќи и ние ги добивме сите пресуди од Управниот Суд и морам да потенцирам дека се работи само, и исклучиво за првостепена пресуда која подлежи на жалба до Врховниот суд на Република Македонија. Така да не се точни наводите дека постапката е завршанеа, а уште помалку дека ние мора да ја прифатиме цената кои што тие ја нудат. Согласно Законот за водостопанство и Законот за облигациони работи, односите се уредуваат со меѓусебен договор. Не постои основ за еуфорија на вработените во Водостопанство, бидејќи ќе мораме повторно да седнеме и да разговараме за формирање на цена која ќе биде прифатлива за двете страни-изјави директорот Божиновски.