Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
З.З.(36) од кумановското село Романовце, професионален војник во АРМ, лажел постари жители на Куманово дека ќе им обезбеди огревно дрво по пониска цена, а откако им ги земал парите повеќе не се појавувал.
На девет семејства З.З. се претставил како продавач на дрва и ветувал дека ќе им набави дрва по цена од 2000 денари. На жртвите однапред им земал капар и тврдел дека ќе ги дотера дрвата со камион. Од измамените граѓани заработил 61.000 денари.
Откако виделе дека останале без пари и дрва, измамените пријавиле во полиција, по што изманикот бил откриен. Против него ќе биде поднесена кривична пријава за измама. Во СВР Куманово велат дека во последно време зачестени се измамите за работа во Авганистан, бајачки и пари за сообраќајки. Од полицијата апелираат до граѓаните да внимаваат кого пуштаат дома и да не им веруваат на измамниците.
Бидејќи во вакви случаи кривичното дело “измама“ е со помалата материјална штета сторителот се гони по приватна тужба, па полицијата е немоќна да поднесе кривична пријава против измамникот- велат од СВР Куманово.