Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од утре започнува интензивна имунизација на населението во Куманово, против ситни сипаници со цел да се спречи нивното ширење.
Од Здравствениот дом ги повикуваат граѓаните што ќе добијат покани, задолжително да се јават на вакцинација и со тоа да се заштитат од евентуална појава на заразната болест. Вакцинацијата ќе се врши секојдневно во детскиот диспанзер во Здравствениот дом на деца до 6 години, во амбулантата „Тоде Мендол„ до 18 години, и во центарот за јавно здравје над 18 годишна возраст, додека ќе има и вонредни пунктови во критичните зони.
Утре во населбата Средорек ќе биде отворен пункт со цел да се опфати населението од тој регион, на 20 април ќе се отвори пункт во населбата Бавчи и во амбулантата во населбата „Тоде Мендол„, каде ќе се вакцинираат децата од 6 до 18 години. Со цел да се заштитите себе си и своите најблиски проверете ги здравствените книшки и ако утврдите некомплетно вакцинирање некомплетна заштита јавете се во наведените места - вели Миодраг Панковски, директор во Здравствениот дом.
Оваа болест се пренесува преку воздухот, а единствена заштите е вакцинацијата. Во најголем број случаи заразата поминува без последици, но во одредени случаи може да се појави бронхопневмонија, пневмонија, воспаление на мозокот кој завршува со последици, но некогаш и со смрт.
Последниот заболен од мали сипаници во Куманово е регистриран кон крајот на март, а од почетокот на годинава само 10 случаи.За седум месеци 99 кумановци прележале морбили од кои 39 пациенти биле хоспитализирани на Инфективното одделение. Најголем дел од нив се од ромското население.