Вонредно собрание на инвалидските пензионери
З дружението на инвалидските пензионери во кое членуваат над 1.000 граѓани на Куманово, пензионирани по основа на инвалидитет, во последно време се соочува со низа проблеми од организационо-правна природа поради неусогласеност на нивниот Статут со позитивните законски прописи.

Статутот усогласен со Законот е усвоен на последната вонредна седница раководена од актуелниот Управен одбор со што се обезбедени услови за депонирање на потписот на претседателот на Здружението во УЈП и другите надлежни финансиски институции за слободно располагање со средствата на Здружението. Инвалидските пензионери на 24 декември, во четврток организираат заедничка новогодишна и божиќна веселба во ресторанот „Југославија„.