Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ЈП „Водовод„ воведе контролирана потрошувачка на вода за да се надмине проблемот со зголеменета потрошувачка и недостигот на вода во населбите од висока зона.
Од денеска во периодот од 10 до 22 часот водата ќе биде исклучена во населбите Добрешане, Проевце, Средорек, Долно Којнаре, Перо Чичо, Ајдучка Чешма и улицата Никола Тесла. По 22 часот водоснабувањето во овие населби ќе се нормализира.
Водата ќе се сопира на секои 12 часа и рестрикциите ќе трајат наредните неколку дена, додека се нормализира дотурот на сирова вода од водоснабдителниот систем Липково и Глажња, соопштуваат од ЈП „Водовод„.