Воз прегази мотоциклист во Романовце
20.07.2014 08:04
| KumanovoNews
Ивица В.(43) од Романовце, утринава загинал во железничка несреќа во близина на селото Романовце.
Според портпаролот на СВР Куманово Валентина Николовска, несреќата се случила утринава околу 8 часот на обележан премин на железничката пруга во селото Романовце. Додека Ивица со својот мотоцикл поминувал преку пругата во него удрил воз кој сообраќал на релација Табановце-Скопје.
Од здобиените повреди Ивица починал на лице место.
Увид на лице место врши полицијата.