Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Денеска во Куманово е спроведена засилена полициска акција при што за еден час се откриени 80 прекршоци од возачите.
Портпаролот на МВР Тони Ангеловски, изјави дека санкциите се однесуваат за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола, пречекорена брзина на движење, како и мотоциклисти кои што ги прекршуваат правилата при движење во сообраќајот.
- Се санкционираат сите сообраќајни прекршоци, а особено оние кои што се најчеста причина за сообраќајни незгоди со тешки последици, како што се управувањето на возило под дејство на алкохол, возење со брзина над дозволената, недавањето првенство на минување на возила и пешаци и сл.,а се санкционираат и возачите на мотори кои не ги почитуваат
правилата , рече Ангеловски.
Полициската акција ќе продолжи и наредните денови, а МВР за утре најави комплетни податоци за изработеното.