×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За една недела 11 пријави за бучава, најмногу за музика во живо во угостителските објекти

    15.08.2023 12:02 | Сузана Николиќ

    До Секторот за инспекциски надзор во Општина Куманово, за седум дена се поднесени 11 пријави за неконтролирана бучава, откако Општина Куманово ги објави броевите и ги повика граѓаните да ја пријавуваат бучавата во надлежните општински служби и МВР.

    За една недела 11 пријави за бучава, најмногу за музика во живо во угостителските објекти

    Најмногу се однесуваат преглана музика и работа на угостителски објекти и тоа главно заради пречекорување на работното време по 2 часот по полноќ. 

    „Поднесени се 11 пријави за нарушување на јавен ред и мир од како се објавени броевите за пријавување на бучава. Инспекторатот го интензивира увидот и надзорот, се проверуваат дали угостителските објекти ги имаат потребните дозволи за организација на забави со жива свирка, гостување на музичари или диџеи. Доколку се увиди дека се работи надвор од рамките на доставениот елаборат тогаш можеме да поднесеме препорака до градоначалникот за повлекување на еколошката дозвола, со што објектот ќе го изгуби правото да работи и стопанисува“, изјави Бобан Бојковски, раководител на Општинскиот инспекторат.

    Тој додава дека кога се работи за проблемите со музика во живо тука се мешаат ингеренциите.Надлежности има Здружение на авторски музички права, инспекторатот и полицијата, но роблемот е категоризација на настанот, дали е концерт или бучава од угостителски објект. Еден празен чекор се користи за остварување на екстра профит, додека нам ни се вржани рацета за било каква интервенција.

    Најчести пријавуви има за рестораните каде што се прават свадби и клубови, па граѓаните се жалат дека после полноќ не можат да спијат од гласната музика. Поплаки за комунална бучава има и угостителските објекти во централното градско подрачје, Гарнизон, Касапски круг, на Трета МУБ, Соколана, кај спортската сала, во нас. Карпош, Доброшане и Проевце.

    Според Годишниот извештај за квалитетот на животната средина за 2022 година, кој го објави Министертвото за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Куманово е најбучен град во државата.

    Куманово е рекордер и во однос на екстремната бучава, која е повисока дури за повеќе од 50 отсто од дозволеното.

    Граѓаните најмногу поплаки имаат на јачината на разгласите на верските објекти, угостителските објекти, клима уредите во деловните и индустиски објекти, семејни веселби и пуштање на музика на разгласи, автомобили и мотори и др.  

    Врз основа на студии направени од Институтот за јавно здравје, најчесто како последица на зголемено ниво на бучава се јавува нарушување на спиењето, вознемиреност кај населението, оштетување на слухот, кардиоваскуларни проблеми и влијае на психофизичката состојба.