×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зa крпење дупки лани потрошени 6 милиони денари

    03.03.2011 12:56 | KumanovoNews

     За одржување на јавно - прометните површини на подрачјето на градот од буџетот на Општината, минатата година се потрошени 5.948.734 денари.

    Зa крпење дупки лани потрошени 6 милиони денари

    Како што стои во Извештајот на Секторот за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина при Советот на Општината Куманово, средствата се потрошени за однапред предвидени и програмирани позиции како што се пробивање и изградба на нови улици и прометни површини, крпење на ударни дупки со асфалт, вградување на тампонски материјали, замена на истрошени ивичници и на шахти и други зафати.

    Околу шест милиони денари потрошени лани за ,,крпење‘‘ на дупките по коловозите и за, какво такво, комунално суредување на нашите улици. Малку или многу ? - ќе праша некој. Колку што има пари (општинските буџети вечно кубурат со средства) - доволно е сработено во секторот на комуналната инфраструкура. Барем така се согласија советниците на претпоследната седница на Советот при отчетот на комуналците за тоа што сработеле во минатата година. Доволно за советниците, но малку за нас граѓаните. Ние секој си имаме свое сокаче и сакаме да куртулиме од дупките и од газењето кал. Особено по т.н. забутани делови од градот и по перифериите. А градот е распослан на огромно подрачје: од Лопате до Доброшане, од Черкезе до Тромеѓа, од Бабин дол до Горно Којнаре. И којзнае до кога и до каде ќе се шири овој, за наши услови, град - мегалополис.  Злобниците би рекле: е, па нема ем ем! Ем огромни куќи и дворови, ем широки улици и тротоари. Цела среќа во оваа сиво - розова комунална приказна е што немаме случај на некој несреќен проект од типот ,,Скопје-2014‘‘ ако, скраја да е, нашиве гратски татковци немаат нешто скриено за да го обелоденат во каппањата за евентуално предвремените парламентарни избори околу кои власта и опозицијата деновиве жестоко си ги кршат копјата. Што се однесува до тоа ќе имаме ли некогаш доволно пари за да си ги удоволиме сите желби на планот на комуналното уредување - здравје!