×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • За откорнатиот кров виновни се станарите

    02.03.2012 13:44 | KumanovoNews

    Се работи за приватен објект и нeговото тековно одржување е во надлежност на самите сопственици

    За откорнатиот кров виновни се станарите

    Паѓањето на кровот од зграда во центарот на градот, беше повод советниците на ВМРО-ДПМНЕ денеска да одржат прес-конференција и да побараат од локалната самоуправа да каже дали се запазени сите урбанистички стандарди и законски мерки при изградбата на кровната конструкција.

    Дали надоградбата на покривната конструкција на објектот е извршена од лиценцирана фирма изведувач и лиценцирана фирма за надзор? Доколку објектот бил во изградба, дали бил соодветно обезбеден?Доколку објектот бил завршен, дали соодветните служби извршиле технички прием?- праша советникот Стефан Трајановски.

     Од локалната самоуправа жалат за немилиот настан, но објаснуваат дека тие не се виновни за она што се случило.

       Кровната конструкција е изградена пред 5 години и сопствениците имаат добиено уредно одобрение за градба. Согласно Законот за градба, Општината не издава одобрение за употреба, туку објектите се запишуваат во Катастар по претходно извршен увид и записник од страна на надзорен инжињер, кој е ангажиран од самиот инвеститор. Секторот за урбанизам нема никаква вина за овој случај, бидејќи се работи за приватен објект и нивното тековно одржување е во надлежност на самите сопственици - вели Лидија Ланг-Спасовска, раководител на Секторот за урбанизам.

    Од ВМРО-ДПМНЕ побараа од локалната самоуправа да преземе мерки и кога се работи за објекти во изградба, бидејќи често сме сведоци дека на нив се работи без соодветна заштитита, па по тротарите и улиците не може да се помине од скелиња, штици и градежен матерјал кој паѓа на сите страни.

    Кровната конструкције, која пред два дена ја откорна силен ветер е изградена на надградба на зграда во т.н. „Скопски дуќани„. Кровот падна пред зградата и повреди една девојка. На ова фреквентно место врие од народ па среќа што немаше поголеми последици.