Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Проектот за изградба на мали пречистителни станици за отпадни води во руралните средини заглави кај гаранција од државата.
Општината веќе два месеци чека Владата да биде гарант дека ќе се враќа кредитот што ЈП „Водовод„ ќе го земе за овој проект. По Законот за јавен долг,ако се добие согласност од ресорното министерство, гаранцијата од државата се дава по автоматизам.
Ние веќе имаме согласност од Министерството за финасии и ги направивме сите процедури на избор на банка, но застанавме поради немање на гаранција од државата.Чекаме од нејасни причини додека некој се смилува. За истата работа градовите каде што градоначалници се од ВМРО-ДПМНЕ, веќе добија таква гаранција. Пратениците од Куманово, ако навистина сакаат да помогнат за просперитет и развојот на Kуманово, нека лобираат кај Владата да даде согласност- вели градоначалникот Зоран Дамјановски.
Проектот за мини пречистителни станици треба да почне оваа година, а вреди осум милиони евра.Станиците ќе ги покриваат селата Романовце-Агино Село-Бразк, Умин Дол-Љубодраг-Ново Село, Табановце-Четирце-Сопот, Пчиња-Студена Бара-Вакв, Клечовце-Довезнеце-Јачинце и Орашац-Градиште.
Близу половина од финансиските средства веќе се обезбедени преку кредит од австриската Влада, а останатите ќе се бараат преку европските фондови за заштита на животната средина.