×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Захариева: Право на работа имаат и членовите на нашите семејства

    20.01.2011 15:50 | KumanovoNews

     Претседателката на СДСМ Снежана Захариева денеска на прес-конференција одговори на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека во општинските претпријатија се вработуваат само партиски кадри и роднини.

    Захариева: Право на работа имаат и членовите на нашите семејства

     Таа смета дека централната власт  со таквите настапи само ја отргнува јавноста од вистинските проблеми во државата: големата сиромаштија, бранот поскапувања, протестите на стечајците, социјалците, лекарите, земјоделците, млекарите, лозарите и тутунарите.

    Врв на дрскоста и безобразлукот на оваа Влада е начинот на кој се дефокусира јавноста од овие горчливи проблеми. Како и можеме да очекуваме Груевски да признае дека не е во право? Во РМ секогаш и за се е виновна опозицијата. Таа ги испразни државните каси со партиски вработувања во трите поголеми општини каде што е на власт. Им се извинуваме на господата од ВМРО – ДПМНЕ што по толку години чекање да си ги вработиме членовите на семејствата во државните институции, кои се во нивно влaдение не успеавме, па дојдоа до парче лееб во јавните претпријатије и интитуциите во градот. А, не дека не конкурираа да се вработат во ресорните министерства, во Собранието, Царината, „Македонијапат„ и слично, но немаат членска книшка на ВМРО–ДПМНЕ. Да имаа, немаше со години да чекаат вработување, ќе беа директори, а може ќе имаа и некоја друга платена јавна функција -рече претседателката Захариева.

    Таа смета дека централната власт селективно го применува Законот за судир на интереси и сее страв со отпуштање од работа и притисок на сите кои не се нивни истомисленици, што не е случај кога се работи за локалната власт.