Запалени гуми во склад на Монопол
02.02.2014 11:59
| KumanovoNews
Во дворот на стариот магацин на Тутунскиот комбинат Куманово што се наоѓа во населбата Средорек, напладне се запалени автомобилски гуми.

Гумите развиле голем оган, поради што постоела опасност пожарот да ги зафати и напуштените простории на магацинот. Граѓаните повикале противпожарна екипа која интрвенирала со две возила и спречила огнот на се прошири.
Црн густ чад се ширеше над градот и можеше да се види од далеку. Не е познато дали пожарот е подметнал или случајно го предизвикале луѓе кои се собираат во напуштените простории на складот.