×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започнa фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“, лауреат Никола Ристановски

    28.09.2024 11:19 | KumanovoNews

    Со претставата „Љубовна терапија“ на Народниот театар Куманово, синоќа започна 16-то издание на Меѓународниот театарски фестивал „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

    Започнa фестивалот „Св. Јоаким Осоговски“, лауреат Никола Ристановски

    Mладата актерска екипа ја воодушеви публиката во преполната сала на Центарот за култура Крива Паланка,  не само со актерската игра, туку и со современата тема што ја обработува- врските на младите во 21 век и апликациите за запознавање.

    Динамичните сцени, комични ситуации и метафорични реплики измамија смеа и аплаузи кај публиката, а актерската екипа  играше на огромно задоволство пред кривопаланчани.

    Театарскиот фестивал годинава ќе трае до 5 октомври, а покрај Кумановскиот театар, настапуваат: Градско казалиште „Јоза Ивакиќ“, Винковци, Хрватска, Продукција „Златен заб“  со босанскиот актер Драган „Маца“ Маринковиќ, Народен театар „Стерија“, Вршац и Уметничка работилница „Призор Плус“, Белград, Србија, Општински театар Ќустендил, Бугарија,  Драмски театар , Македонски народен театар  и Народен театар при НУ Центар за култура „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ Велес.

    Овогодинешен лауреат на МТФ „Свети Јоаким Осоговски“ е македонскиот актер Никола Ристановски, кој се истакнува со бројни улоги и извонредни актерски остварувања во земјава и регионот. 

    Организатори на манифестацијата се  Општина Крива Паланка, Здружението за промоција на театарската уметност „Театарски фестивал“ од  Крива Паланка и НУ Центар за култура Крива Паланка.