Започна реконструцијата на Драгомански мост
18.09.2010 06:51
| KumanovoNews
Мостот беше оштетен за време на поплавите во мај годинава, по што беше забранет за сообраќај.

Вчера започна реконструкција на мост кај селото Драгоманце на регионалниот пат Драгоманце - Арбанашко. Со Решение од државниот инспектор за патен сообраќај, мостот е затворен за движење на моторни возила, поради големите оштетувања на носачите.
Од Општината Старо Нагоричане се надеваат дека во најбрз можен временски рок, санацијата и реконструкцијата ќе биде завршена.Сретства за поправка на мостот се обезбедени од Владата.
Работите ги изведува ЈП „Македонија Пат„ - Скопје.