Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започнаа уписите во високообразовната установа “Еуро Колеџ“ во Куманово.
Оваа година “Еуро Колеџ“ ќе запише сто студенти по бизнис и администрација, од кои триесет веќе се запишани. Одреден број на места се определени и за партнерите од Дубаи.
Деканот Љубиша Петрушевски вели дека “Еуро Колеџ“ се разликува од другите високообразовни установи по соработката со странските студенти, имаат свои книги, дипломите се ценети во регионот и пошироко, а односот кон студентите е многу транспарентен.
Нашите предности се јасни. Ние сме многу силни во странство, без разлика што имаме само една студиска дисциплина бизнис и администрација. Она што го имаме го нудиме во различен опсег, кој е одраз на тоа што пазарот бара. Има луѓе кои бараат американска диплома затоа што ќе работат во странство или ќе живеат во странство, имаме многу луѓе кои се преселени во Америка, не само Македонци, туку и луѓето од целиот регион. Нашата диплома како што се знае котира насекаде. Ние сме членови на Еразмус. Од оваа година ЕУ финансира десет студенти кои некаде наесен ќе одат на пракса или посета во Шпанија, Португалија или Италија. Истата соработка ќе ја направиме со нашите партнери од Филипини - изјави Петрушевски.
Додава дека студирањето кај нив е ефтино, без “скриени“ трошоци и така функционираат веќе 12 години. Петрушевски вели дека за кумановци нудат најповолни услови за студирање, а даваат и школарини за најдобрите ученици од средните училишта, деца без родители и слично.