×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Започнува со работа Центарот за ран детски развој во населбата „Иго Тричковиќ“

    08.10.2021 09:19 | Сузана Николиќ

    Центарот за ран детски развој „Сонце“, кој се наоѓа во подрачното училиштето „Христијан Карпош“, во населбата „Иго Тричковиќ, од вторник (12 октомври) ќе започне со работа. Веќе е формирана една група од 18 деца, а доколку постои интерес од родителите ќе се отвори уште една група. Капацитетот на центарот е 50 дечиња. 

    Започнува со работа Центарот за ран детски развој во населбата „Иго Тричковиќ“

    „По барање на група родители од населбата Иго Тричковиќ, Центарот за ран детски развој „Сонце“ од вторник започнува со работа. Засега се запишани 18 деца и има уште слободни места. Престојот на децата е бесплатен и родителите немаат обврска да плаќаат паричен надомест. Ги покануваме сите родители кои имаат интерес да дојдат во управата на нашата установа „Ангел Шајче“, да поднесат барање и да ги запишат децата“, изјави директорката на градинката, Марина Алексовска.  

    Таа вели дека се создадени сите потребни услови за безбеден престој на децата во центарот и ќе се почитуваат сите протолоки кои ги налага министертсвото за заштита од коронавирус.  

    Двата центри за ран детски развој „Сонце“ во ПОУ „Христијан Карпош“ и „Бамби“ во ОУ 11 „Октомври“, беа затворени минатата година поради коронакризата. 

     Во центарот „Бамби“ се планира да се претвори во целодневен престој за деца до 6-годишна возраст, бидејќи се наоѓа во близина на градинката „Синоличка“.