Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против Ќ.Ш. (40) од Куманово за сторено кривчно дело „тешки дела против општата сигурност“.
Во февруари годинава, пријавениот при изведување на градежни работи –ископување на канал во с.Опае, ископал дупка со поголеми димензии без да ја обезбеди, по што едно лице од Куманово поминувајќи покрај наведеното место паднало во дупката и тешко телесно се повредило.