×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Засадени првите површини со аронија

    28.05.2013 08:19 | KumanovoNews

    За првпат, од оваа година во кумановскиот регион ќе се одгледува аронија.

    Засадени првите површини со аронија

    Во селото Стрновац, на површина од 3 декари засадени се 500 садници со аронија.

    Досега никој не се решил да сади аронија, бидејќи луѓето се загрижени дали ќе успее и дали ќе имаат пласман. Меѓутоа за насади со аронија државата дава субвенции. Наместо нивите да стојат како ледини, подобро е да се засадат со аронија, бидејќи овој насад не бара многу работа.  - вели Живка Наумова, раководител на Агенција за поттикнување на развој на земјоделството Куманово.

    Аронијата е повеќе годишна овошна култура која потекнува од Монголија. Најраспространета е во бившиот Советски сојуз, а особено во Сибирскиот регион, поради што го носи името сибирска боровница. На помали површини се одгледува и во некои Источно Европски и Северно Европски земји. Во Република Македонија производен насад од аронија првпат е посаден во околината на Пехчево, 1990 година, со саден материјал набавен од Бугарија.

    Аронијата е култура која што не е многу пробирлива на климатските и почвените услови. Таа е адаптибилна и на сува и на влажна клима, но подобри резултати дава во реони со поумерена влажност во почвата и воздухот. Во текот на зимата надземниот дел издржува температури и пониски од -30 до -35°C, а кореновиот систем може да настрада на температура од -11 до -12°C. Во наши услови оваа култура е потполно безбедна од измрзнување во текот на зимата.

    Според градбата на надземниот дел аронијата спаѓа во џбунести растенија. Во зависност од бујноста на сортата димензиите на круната од џбунчето достигаат од 2.5 до 3 метри во висина и од 2 до 2.5 метри во ширина. Плодовите на аронијата, малите ситни, црно-виолетови бобинки се најголем извор на антиоксиданси и се многу здрави и корисни за здравјето на луѓето, а како лек се користат и листовите и стеблото.