×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Затрупани во ѓубре се браните Липково и Глажња од кои Куманово се снабдува со вода за пиење

    13.11.2024 12:51 | KumanovoNews

    Диви депонии од пластична амбалажа и друг вида на отпад се создаваат околу акумулационите езера Липково и Глажња, од кои Куманово и Липково се снабдуваат со вода за пиење.

     

    Затрупани во ѓубре се браните Липково и Глажња од кои Куманово се снабдува со вода за пиење

    „Да знаат кумановци колку е валкано, чешма нема да пуштат дома. А сите пиеме и готвиме со таа вода, но прашање е колку е безбедна. Треба да поминат комунални инспектори и оние за животна средина, да ги натераат надлежните да го исчистат ѓубрето“, велат рибари кои одат на езерото и ни ги испратија фотографиите.

    Двете вештачки езера се наоѓаат на територијата на Општина Липково во сопственост се на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на Министерството за економија, а со нив стопанисува „Водостопанство – Кумановско-липковско поле“, кое е задолжено и за одржување на езерата и просторот околу нив.

    Од Општината Липково велат дека акумулациите се на централната власт, па таа ги има сите надлежност поврзани со нивното одржување, тие постапуваат само ако добијат барање за некоја услуга, а во овој случај нема пријава до јавното претпријатие за расчистување на насобраниот смет.

    „Ако го исчистиме брегот треба да наплатиме. Дополнително, потребна ни е посебна дозвола од државните служби затоа што се работи за земјиште од прва категорија, кое е во сопственост на Македонија и заштитена зона во ширина од 70 метри од самите езера“, вели Нухи Ајдини, секретар на Општина Липково.

    Тој додава дека преку Министерството за животна средина и просторно планирање е доставен елаборат до Владата за физичка заштита, поставување жица на брегот на езерата, пред сè заради безбедност на граѓаните, а и да се спречи ѓубре да паѓа во водата, но засега нема реализација.

    Жители од Липковско велат дека депониите на езерата Липково и Глажња, но и во другите делови на планината, ги создаваат несовесни граѓани кои за викенд и во летниот период доаѓаат во природа и да се капат во езерото, а ѓубрето го оставаат.