Затворена улицата „Братство Единство„
16.03.2011 09:20
| KumanovoNews
Затната канализациона цевка ја затвори улицата „Братство Единство„ покрај Градскиот стадион. Екипи на ЈП „Водовод„, работат на отстранување на дефектот.

Од „Водовод„ велат дека се работи за вообичаена интервенција, која ќе се отстрани до 15 часот.
Поради работата на терен, улицата е затворена и сообраќајот се пренасочува кај Бирото за вработување, додека од Автобуската станица е затворена.