×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Заупокоена литургија за загинатите бранители во Куманово

    12.05.2015 12:08 | KumanovoNews

    Во црката “Свети Никола“ владиката кумановско-осоговски Јосиф, служеше заупокоена литургија за загинатите полицајци во вооружениот судир во Куманово.

    Заупокоена литургија за загинатите бранители во Куманово

    „Да се даде својот живот за своите ближни е најголема и највозвишена жртва која еден човек може да ја направи. Оттука, голема е и нашата обврска да им оддадеме секаква почит и никогаш да не ги заборавиме, но и да принесуваме молитви за покој на нивните души, и утеха на нивните најблиски. На богослужбата се произнесоа и молитви за побрзо закрепнување на останатите повредени полициски службеници, и утврдување на мирот во земјата“ - велат од епархијата.

    Секое утро во следните четириесет дена во соборниот храм “Свети Никола“ во Куманово, ќе се богослужи света заупокоена литургија, за покој на душите на македонските бранители. Се повикуваат верниците да земат молитвено учество во овие богослужби.