Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здравствениот дом Куманово набави нови апарати и опрема со кои ќе се подобри кавалитетот на услугите на пациентите во градот, а наскоро очекуваат да добијат вработувања на нов медицински персонал.
При крајот на минатата година набавивме лежечко возило, кое ни беше неопходно заради потесните улици во градот. Потоа био-хемиски анализатор за испитување на крв, два дестилатора, спирометар за испитување на капацитет на белите дробови и дуплер за испитување на венска и артериска циркулација. Вредноста на оваа набавка изнесува 550 илјади денари, наши сретства- вели директорот Миомир Панковски.
Од Здравстевниот дом, пред една ипол година поднеле барање за 5 нови вработувања и се надеваат дека во програмата што ја изготвува Министерството за здравство ќе бидат опфатени и тие. Особено е неопходен персонал во Итната медицинска помош, поради подобра екипираноста во пружање на здравствените услуги.