Земјоделските производи ќе се контролираат на граница
06.09.2010 08:42
| KumanovoNews
Од први септември Државниот инспекторат за земјоделство контролата на храна за животни, ѓубрива, семе и саден материјал за земјоделски видови на растенија, вино и дестилати на грозје, оцет и алкохолни пијалоци, цвеќе и декоративни растенија ќе ја врши исклучиво на граничните царински испостави.

Лиценцата I005 –Потврда за извршен органолептички преглед која ја издава Државниот инспекторат за земјоделство, а се однесува за стоки кои се пријавени за увоз во Република Македонија, од 01.09.2010 година ќе се издава и контролира на граничните премини.