Жена во бесознание оставена на улица
19.12.2010 12:10
| KumanovoNews
Н.К. (39) од Куманово, во бесознание била пронајдена покрај патот на ул.ЈНА во Куманово.

Повредената жена вчера попладна во 17.25 на улицата што води кон поранешен „ЧИК„, ја пронашол случаен минувач и пријавил во полиција. Н.К. во неконтактибилна состојба итно била пренесена во Клиничкиот центар во Скопје.
Екипа на СВР-Куманово излегла на лице место при што од првичните сознанија било утврдено дека жената е повредена во сообраќајна незгода. Најверојатно била удрена од моторно возило, по што возачот побегнал, наместо да и пружи помош. Од страна на полицијата во тек се мерки за пронаоѓање на возилото и возачот.