Жените на СДСМ со критики за македонското здравство
Клубот на жени на СДСМ Куманово синоќа на трибина расправаше за македонското здравство, со кои проблеми се соочуваат вработените и пациентите кои се ставени во незавидна положба.

Докторката Валентина Мициќ вработена во Општата болница во Куманово, изнесе свои тези и видување за актуелните теми, и при тоа посочи дека Фондот за здравство е во тешката финаскиска состојба, поради што не може да одвои доволно сретства за вработените, ниту за лекови и медицински матерјал за пациентите. Таа изрази сомневање и за исправноста на проектот на Владата плаќање по учинок и можноста за негова реализација.
На трибината покрај членовите на СДСМ, присуствуваа и претставници на невладиниот сектор, кои го искажаа своето миселње за потребите и недостаоците во здравството.