Жените на ВМРО - ДПМНЕ организираат трибина
30.08.2012 06:26
| KumanovoNews
Трибина на тема “Убавина или здравје“ се оддржува вечерва во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ со почеток во 20 часот.

Акцентот ќе биде ставен на анорексијата, анемијата и други здравствени проблеми. Гостин на трибината е доктор Владимир Владевски, специјалист по општа медицина. Трибината ја организира Унијата на жени на ВМРО - ДПМНЕ од ОК Куманово. Сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат на настанот.