Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово деновиве спроведува континуирани активности за помош на децата со пречки во развој и социјално загрозените семејства.
„Денеска претстојуваме меѓу децата со интелектуална попреченост во развојот до 18 - годишна возраст во Центарот за дневен претстој сместен во детската градинка кај ЧИК. Децата ги израдувавме со пакети храна и сокови. Последниве денови посетуваме повеќе вакви центри и институции се‘ со цел хендикепираните лица да почувствуваат топлина и чувство на наша грижа за нивното здравје и среќа„ - изјави претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Злата Божиновска.
Во името на децата и персоналот ангажиран околу секојдневната грижа за групата, за хуманитарната помош од активистките на ВМРО-ДПМНЕ, се заблагодари дефектологот Сандра Саревска.
„Ваквите посети на нашиов центар им причинуваат големо задоволство и ги прават среќни децата. Во овој дневен центар моментно се опфатени 27 деца кои со возило од Центарот за социјални работи секојдневно ги земаме од нивните куќи и по шест-седум часа поминати во дружење, игри и активности за нивна рехабилитација, им ги враќаме на нивните родители„ - изјави дефектологот Саревска.