×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жените повеќе не го кријат насилството

    27.11.2012 12:19 | KumanovoNews

     Организацијата на жени “Кумановка“ лани регистрирала 98 случаи на насилство, од кои најзагрозени се невработените жени. Жените трпат малтретирање, бидејќи се економски зависни и не можат да се оддалечат од насилникот, кој обично е алкохоличар.

    Жените повеќе не го кријат насилството

    На јавната дебата која се оддржа денеска беа истакнати локалните проблеми, меѓу кои како најзначајно се посочи немањето на шелтер центар, каде жените жртви би се згрижувале.

    - Тоа ќе биде еден од заклучоците, бидејќи фали шелтер во Куманово како најголема општина. Во Свети Николе шелтерот е празен, а проблем е што жртвите некогаш не ни сакаат да одат таму. Мора да се работи долгорочно на ова поле. За тоа се прават кампањи. Кај нас се јавуваат, а ние ги препраќаме до институциите на системот. Мора да има унифицирани бројки, не може секоја организација да дава паушални информации - вели Виолета Петровска, претседател на “Кумановка“.

    До 10 декември невладините организации спроведуваат низа активности за да ги едуцираат жените за различните видови насилство. Активистите кои работат на оваа проблематика велат дека додека трае кампањата жените најмногу пријавуваат насилство.

    - Има зголемен број јавувања овие 16 дена, но главниот проблем е што нема соодветен механизам за заштита. Целта е да се подобри институционалната поддршка затоа што невладините како такви имаат сервиси, обезбедуваат бесплатна правна помош, но знаете како е, тие зависат од финансиска поддршка од странски донатори. Доколку неа ја изгубат самите сервиси не се оддржливи. Наша цел е да имаме оддржлив сервис кој нема да зависи од донатори - рече Елена Димушевска, извршна директорка на Националната мрежа против семејно и насилство врз жени.

    Таа дообјаснува дека кампањите даваат резултати, бидејќи во последниве четири години и жените од руралните средини се почесто се осмелуваат да пријават насилство и да побараат помош. Во одреден временски период сексуалното насилство било занемарено и жените не го пријавувале, но сега се сменети работите и на тоа поле.