Женски центар организира “Вечер на жената“
18.02.2014 08:08
| KumanovoNews
Женски центар “Жена на 21 век“ по повод 8 март организира манифестација “Вечер на жената“ во ресторан Грација.
Оваа манифестација ќе биде со хуманитарен карактер и дел од средствата собрани од влезници ќе бидат наменети за жени жртви на насилство. Во рамки на “Вечер на жената“ ќе има и продажен базар со рачни изработки од “Порака наша“.