×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Зголемен интерес за откуп на дворно место

    25.01.2011 15:25 | KumanovoNews

    Во Одделение за имотно-правни работи во Куманово досега барања за откуп на дворните места имаат поднесено 9 150 граѓани. Од нив 8 752 барања се поднесени до 31.12.2010 година, а во последниве дваедетина дена над 500 барања.

    Зголемен интерес за откуп на дворно место

     Од оние кои се доставени до крајот на мината година на 8 083 веќе е одговорено, а 751 се во постапка и чекаат одговор од надлежното одделение за приватизација на дворовите.

    Интересот на граѓаните за откуп на дворните места е голем, но засега немаме никакви проблеми во работењето. Работиме во две смени и дневно примаме над педесет барања. Откако беше наложено од Министерството сега се примаат и оние барања кои немаат комплетна документација.Очекуваме и во наредните неколку дена да имаме посета од поголем број граѓани, кои досега не поднеле барањата за откуп на дворните места на нивните куќи, станбени згради или стопански капацитети. Рокот е до 27 јануари и затоа ги  повикувам да побразаат сите што не ја започнале постапката, вели раководителот на Одделението за имотно-правни работи во Штип, Берат Аќифи.

    Процедурата за поднесување на документи предвидува барателот да донесе фотокопија од лична карта и имотен лист за објектот што го поседува.