Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Субвенциите за органско производство годинава ќе бидат за 50 отсто повисоки од оние за конвенционалното, а за градинарските култури зголемувањето ќе биде 100 отсто.
Ова го најавија од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, од каде велат дека органското производство е нивен приоритет. Еколошката храна ќе биде промовирана преку кампања за да граѓаните ги увидат предностите од нејзиното конзумирање. Во повеќе градови во Македонија ќе бидат отворени продавници за органско производство со помош од државата.
Во кумановско органското производство на храна е минимално застапено.