×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Жителите на Средорек не сакаат контејнер пред куќа

    20.09.2010 09:21 | KumanovoNews

    Жителите на ромската населба Средорек се жалат дека контејнерот за собирање на смет што е постaвен во близина на нивните куќи е извор на зараза. Тие тврдат дека  ѓубрето што се остава  покрај контејнерот е причина што нивните деца се често болни, а во населбата се јавуваат разни зарази.

    Жителите на Средорек не сакаат контејнер пред куќа

    Контејнерот го поставија од месната заедница, привремено, а еве речиси три години остана тука .Го сместија пред мојата куќа, а јас имам мали деца кои постојано се врткаат околу него. Страв ми е дека ќе зафатат некоја заразна болест. Едното постојано е болно од белодробни заболувања, а другото често зафаќа бактерии. Еве и самите можете да се уверите каква смрдеа се шири наоколу и што истекува од контејнерот. Неможам во двор да излезам - вели Џеват Бектешовски.

     И останатите жители тврдат дека на контејнерот не му е местото тука и бараат тој да биде ставен на друга локација, каде фрекфенцијата на луѓе е многу помала во текот на  денот. Тие велат дека ѓубрето редовно се изнесува, но еден таков сад не може да ги задоволи потребите на густо населената населба. Дополнителен проблем  преставуваа  питачите, кои го пребаруваат и го расфрлаат ѓубрето наоколу, а само на неколку метри од него е  дивиот пазар во Средорек.

    Цел Средорек го фрла ѓубрето тука, дури и околните маркети немаат свои контејнери и го истураат тука. Се жалев во ЈП „Чистота и Зеленило„,кај градоначалникот и до инспекторите, но досега нема никаков ефект. Бараме контејнерот да се тргне од центарот на Средорек на друга локација каде што не е толку густо населено - велат средоречани.