ЗНМ го осуди убиството на француските новинари
09.01.2015 12:39
| KumanovoNews
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) ја осуди егзекуцијата на новинарите од францускиот магазин Шарли Ебдо од Париз.

Во овие тажни моменти изразуваме сочувство на семејствата на настраданите и се солидаризираме со целиот француски народ.Овој кукавички чин не е само напад врз слободата на медиумите, туку е напад и врз цивилизациските вредности на слободниот свет.Насилството во никој случај не смее да се толерира, а злосторниците мора најостро да се казнуваат.Екстремистите и терористите мора да се поразат во име на слободата, мирот и разбирањето меѓу цивилизациите,- се вели во соопштението на ЗНМ.