Еден новозаболен и 23 оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 61 нови случаи на ковид-19, а направени се 678 тестирања.
Казнети 77 кумановци затоа што не носеле заштитнa маскa Седумдесет и седум граѓани на Куманово ќе се соочат со парична казна затоа што не носеле заштитнa маскa на јавен простор.
Општина Куманово за 50 отсто ги зголеми субвенциите за приклучок на гас Наместо 10.000 денари како досега, граѓаните во иднина ќе добиваат субвенции од 15.000 денари за приклучок на гасоводната мрежа во Куманово.
Затворен угостителски објект во Куманово поради непочитување на работното време Полициски службеници од СВР Куманово синоќа во 21.30 часот извршиле контрола во угостителски објект на улица ул.Ленинова во Куманово, при што било констатирано дека објектот работи по дозволеното работно време за угостителски објекти.
Претреси во кумановско, пронајдени 15 килограми марихуана Полицијата ги лиши од слобода А.С.(28) од с.Романовце, Д.Ц.(30) и Д.И.(29), двајцата од Куманово, поради постоeње основи на сомнение дека сториле кривично дело недозволена трговија со дрога.
Седум нови случаи на ковид-19 во Куманово Во последните 24 часа регистрирани се 175 нови случаи на ковид-19, а направени се 1.733 тестирања.
Ковид кризата ги спушти работничките права на катастрофално ниво, велат од „Гласен текстилец“ Од почетокот на ковид кризата, март минатата година, досега повеќе од 8.000 вработени од приватниот сектор побарале правна помош од здружението „Гласен текстилец“ поради нарушени права од работен однос, а најголем процент од нив биле од секторот за производство на текстил, кожа и чевли.
Во Куманово казнети 156 возачи за брзо возење Полициски службеници од СВР Куманово во текот на вчерашниот ден на територијата на Куманово санкционирале 156 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Владата издвои 1,2 милијарди денари за рурален развој во земјоделството Владата предводен од СДСМ ја усвои програмата за рурален развој на 2021 година во вкупен износ од 1.196.817.000 денaри, обезбедени од буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година, изјави советникот од СДСМ Саша Арсиќ на денешната прес-конфенција.
Комисијата за заразни болести препорача јавната администрација да продолжи да работи од дома Вработените во државната и јавната админстрација и понатаму да работат во смени, дома или во ротации, препорача Комисијата за заразни болести иако Владата одлучи на 1 февруари да се вратат на работните места.
Казнети 98 кумановци за неносење маска Казна во висина од 20 евра за неносење маска ќе платат 98 граѓани на Куманово.
Започнува пријавувањето за субвенционирање на трошоци за комунални услуги Општина Куманово од понеделник ќе ги прима барањата за субвенционирање на трошоци за комунални услуги во 2021 година, за граѓаните од социјален ризик.
Годинава ќе се забрани увозот на половни возила со стандард под ЕУРО 5, најави министерот Бектеши Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека годинава ќе се забрани увозот на половни возила со под ЕУРО 5 стандард на емисија на издувни гасови.
Без струја повеќе делови од градот и села Денеска без струја ќе останат потрошувачите на повеќе делови на градот и села. Според информацијата од ЕВН, прекин во напојувањето со електрична енергија од 8 до 14 часот ќе има на дел од улицата „Трета МУБ“, кај гостилница Дома и околните деловни субјекти.
Казнет 71 кумановец за неносење заштитна маска Над седумдесет граѓанин на Куманово ќе се соочат со казна по 20 евра, затоа што на јавен простор не носеле маска. Истата казна ќе платат и 17 жители на Крива Паланка и 14 на Кратово.
Со законски измени објектите за игри на среќа ќе се оддалечат на 500 метри од училиштата и факултетите Министерство за финансии подготвува измени на Законот за игрите на среќа и за забавните игри кои предвидуваат просториите во кои се приредуваат игри на среќа да бидат оддалечени на половина километар од училиштата и факултетите.