Мени

Димитриевски бара извинување и поддршка за расчистување на случајот до крај

Димитриевски бара извинување и поддршка за расчистување на случајот до крај

 По отфрлањето на кривичната пријава против градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски и раководителот на Центарот за управување со кризи од Куманово, Горан Стојановски, за сторено кривично дело Непостапување според здравствените прописи од член 206 став 1 од Кривичниот законик, Димитриевски на Фејсбук објави дека „вистината за овој монтиран случај излегла на виделина“ и ја повика СДСМ да му се извини.

Отфрлена кривичната пријава против градоначалникот Димитриевски

Отфрлена кривичната пријава против градоначалникот Димитриевски

Основното јавно обвинителство Куманово ја отфрли кривичната пријава на СВР Куманово, поради градоначалникот на Куманово и раководителот на Центарот за управување со кризи од Куманово, за сторено кривично дело- непостапување според здравствените прописи од член 206 став 1 од Кривичниот законик, бидејќи не се утврдени елементи на сторени кривични дела кои се гонат по службена должност.

Вработен во Пазарна инспекција позитивен на коронавирус, ќе се затвори целото одделение

Вработен во Пазарна инспекција позитивен на коронавирус, ќе се затвори целото одделение

Инспектор од одделението на Државниот пазарен инспекторат во Куманово  е позитивен на коронавирус, потврдија од Инспекторатот. Поради тоа целото оддление во Куманово ќе биде затворено.

Петар Андоновски препорачува 5 книги за продолжениот викенд

Петар Андоновски препорачува 5 книги за продолжениот викенд

Во пресрет на тридневен полициски час во Куманово, писателот Петар Андоновски, овогодинешниот лауреат на наградата за литература на Европската унија со неговиот роман „Страв од варвари", посочува дека најдобриот начин за поминување на овој долгочасовен карантин е читањето на книги, па затоа дава препорака за книги кои можат да почнат да се читаат во овие три дена.

Тридневен полициски час во Куманово

Тридневен полициски час во Куманово

 Жителите на Куманово, Липково, Скопје, Штип, Тетово, Јегуновце, Желино и Боговиње имаат целосна забрана за движењето за престојниот продолжен викенд. Во останатите градови забрането е движење од петок до 16 часот до понеделник до 5 часот.

10 новозаболени во Липково, од вкупно 12 кои се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово

10 новозаболени во Липково, од вкупно 12 кои се регистрирани во Центарот за јавно здравје во Куманово

 Од Центарот за јавно здравје на Куманово, кој ги покрива и општините Липково и Старо Нагоричане, информираат дека 10 од новозаболените и еден починат од коронавирус се од селата во Општина Липково, а двајца од Куманово.

Карантин за Куманово од четврток навечер до понеделник наутро, предлага Комисијата за заразни болести

Карантин за Куманово од четврток навечер до понеделник наутро, предлага Комисијата за заразни болести

 Комисијата за заразни болести доставила предлог до Владата, да се воведе карантин за кризните подрачја Скопје, Тетово и тетовско, Куманово и кумановско и Штип веќе од четврток во 21 часот да трае до понеделник наутро во пет часот.

Граѓаните не треба да аплицираат за домашната платежна картичка - на посебната веб страна ќе можат да проверат дали се корисници

Граѓаните не треба да аплицираат за домашната платежна картичка - на посебната веб страна ќе можат да проверат дали се корисници

Граѓаните кои ќе бидат корисници на домашната платежна картичка нема потреба да аплицираат или да се пријават за да ја добијат, соопштуваат од Владата.