Караџовски: Непочитувањето на мерките ни се врати како бумеранг Претседателот на Комисијата за заразни болести, д-р Жарко Караџовски истакна дека влошувањето на состојбата со корнавирусот во земјата е резултат на непочитување на мерките за заштита и социјална дистанца од граѓаните, па кластерската анализа покажала дека сите нови нови случаи се врзани со некаква форма на собир и прослава во периодот 24. и 25. мај.
Продолжи отстранувањето на времените објекти на улицата „11 Октомври“ Општина Куманово денеска продолжи со отстранување на времени објекти на улицата „11 Октомври“, над Градската џамија, со цел да создаде простор да се отвори крак од улицата „11 Ноември“.
Во Куманово 52 лица не носеле заштитни маски, 38 не го почитувале полицискиот час Секторот за внатрешни работи Куманово, за време на тридневниот карантин, регистрирал прекршување на одлуката на Влада за ограничување на движењето на граѓаните и носење на лична опрема за заштита од кронавирус.
Еден починат и еден новозаболен од коронавирус во Липково и Куманово Во последните 24 часа во Куманово е регистриран еден случај на новозаболен , додека во Липково едно лице починало од коронавирус .
Горивата поскапуваат за еден и 1,5 денар Регулаторната комисија за енергетика, донесе одлука за зголемување на малопродажнитe цени на нафтените деривати во прoсек за 3,23 % во однос на цените на нафтените деривати утврдени согласно одлуката од минатата недела.
Се најавува враќање на полицискиот час од 22 до 5 во Куманово Комисијата за заразни болести ќе и препорача на Владата повторно да го врати полицискиот час.
Биди и ти Гимназијалец „Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите“ е мислата на нашиот патрон Гоце Делчев, која 75 години нѐ води нас вработените и учениците по патот на науката, во постојан натпревар во знаења и вештини, освојување награди, признанија и оформување на нашите ученици во сестрани личности.
Повредено дете при судар на мотор и велосипед На крстосницата од ул.„300“ и ул.„260“ во Куманово, вчера во 15.30 часот се случила сообраќајна незгода помеѓу четирицикл „јамаха“, со бугарски национални ознаки, управуван од С.Ј.(46) од Куманово и велосипед управуван од шестгодишно дете од Куманово.
Наскоро започнува реконструкција на „Искрин мост“, вредноста на проектот 118 милиони денари По добивањето на решението за изменет режим на сообраќај на магистралниот пат Куманово-Свети Николе ќе се отпочне со интензивни градежни работи за целосна реконструкција на т.н. „Искрин мост“ на реката Пчиња во Куманово.
Петмина новозаболени во Куманово, шестмина во Липково, вкупно 111 во земјата Нови 11 случаи се регистрирани во изминатото деноноќие во Центарот за јавно здравје во Куманово. Од нив пет се во Куманово и 6 во Липково.
Пријава за физички напад во Куманово Кумановец вчера пријави дека бил нападнат од четворица негови сограѓани.
Со креативни идеи до поурбан простор: Mурали красат стамбени згради Млади, амбициозни и инспирирани луѓе, започнаа проект за разубавување на К4 зградите на „Октомвриска револуција“, спроти економското училиште во Куманово.
Во Куманово тројца и во Липково 16 новозаболени од коронавирус, вкупно 125 во земјата Во последното деноноќие регистирани се 3 нови случаи заболени од КОВИД-19 во Куманово и 16 во Липково. Новозаболените се од липковските села: Матејче 12, Опае 2, Никуштак 1 и Ропаљце 1.
РЕТРОСПЕКТИВА И НОВАТА НОРМАЛНОСТ/НЕ НОРМАЛНОСТ Драги сограѓани, чувствувам потреба, а и одговорност најпрвин како Ваш сограѓанин, потоа како претседател на општинската организација на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) -Куманово, во овој период да Ви се обратам, затоа што состојбата во нашиот град и нашата држава МАКЕДОНИЈА е далеку од нормална.
25 новозаболени и еден починат од коронавирус во Липково, еден случај во Куманово Во Центарот за јавно здравје во Куманово, во иминатите 24 часа регистирани се 26 новозаразени и еден починат од коронавирус.
Шестоодделенци направија „античка гозба“ за домашна онлајн задача Учениците од шестите одделенија од Основното училиште „Крсте Мисирков“ од Куманово, направиле јадења по антички рецепти во рамките на практичниот дел од наставата по предметот класична култура во европската цивилизација.