Има доволнo вода во браните Липково и Глажња Куманово ова лето ќе нема проблеми со водоснабдувањето, бидејќи има доволни количина на вода во двете акумулации Липково и Глажња од каде градот се снабдува со вода за пиење.
Дванаесет новозаболени и еден починат од коронавирус во Куманово Дванаесет нови случаи и еден починат од коронавирус се регистрирани во изминатото денониќие во Центарот за јавно здравје во Куманово.
Куче без заштитна корпа каснало дете на „Лесковачка“ Во Полициската станица Куманово, синоќа било пријавено дека во 18.50 часот на патека на ул.„Лесковачка“ во Куманово малолетник, кој бил заедно со неговата мајка М.М., бил каснат од куче кое било без заштитна корпа, сопственост на непознато лице.
Без струја реонот на индустриската зона Речица Прекин во снабдувањето со електрична енергија денеска ќе има во реонот на индустриската зона Речица.
Прогласени првенците на генерацијата во основните и средни училишта во Куманово Општина Куманово преку Секторот за образование и Здружение на просветни работници Куманово, секоја година по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј, ги прогласува најдобрите ученици на генерцијата од основите и средни училишта.
Куманово ќе му помага на Липково во справување со коронавирусот Општина Куманово ќе му помага на Липково во справувањето со кризата по зголемениот број на заболени од коронавирусот, беше одлучено на денешниот состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување(ОШЗС).
Двајца новозаболени и двајца оздравени од коронавирус во Куманово Во последните 24 часа направени се 885 тестирања, а регистрирани се 76 нови случаи на КОВИД-19 во земјава.
Започна реконструкција на канализационата мрежа во Средорек Во населбата Средорек во Куманово, започна реконструкција на фекалната канализација во должина од 241 метар. Целта е да се надмине долгогодишниот проблем со одвод на отпадни води, во овој дел од градот.
Околу 1500 првачиња треба да се запишат во кумановските училишта Во основни училишта годинава треба да се запишат околу 1500 првачиња, кои се наоѓаат на списокот на школите, но се претпоставува дека дел од семејствата се отселиле. Минатата година бројката на деца за упис во прво одделние била слична со годинешнава, а на училиште тргнале само 1168 првачиња
Од денес бензините поевтини за половина денар Регулаторната комисија за енергетика, денеска донесе одлука за поевтинување на бензините и нафтените деривати, за половина денар.
Обезбедени се доволни количини на крв за болното дете, семејството се заблагодарува на граѓаните Собрани се доволни количини на крв од групата А негатив, за 14-годишното девојче, кои се неопходни за лекување на нејзината тешка болест.
Центарот за социјални работи блокиран од граѓани кои бараат платежни картички, а не е надлежен да ги издава Центарот за социјални работи во Куманово е блокиран од граѓани коишто бараат да им се издаде платежна картичка, мерка којашто не е во надлежност на нивната установа.
Камион излетал од патот и удрил во жичана ограда, совозачот тешко повреден Едно лице е тешко повредено во сообраќајна несреќа на регионалниот пат Старо Нагоричане - Граничен премин „Пелинце“, на место викано „Змејковец“.
Во летниот период добиточниот пазар ќе работи во среда и сабота Пазарниот ден на добиточниот пазар во селото Долно Којнаре, за време на летниот и зимскиот распуст, покрај во сабота ќе работи и во среда.
Премиерот Спасовски негативен, но ќе седи во самоизолација Само што ги добив резултатите од денешниот КОВИД-19 тест. Тестот е негативен и немам никакви симптоми, а додека не ги добијам официјалните препораки од епидемиолозите ќе останам во домашна изолација, објави на Фејсбук премиерот Оливер Спасовски.
Итно е потребна крв од групата А негатив за болно дете На 14- годишно дете од Куманово, кое боледува од леукемија итно му е потребна крв од групата А Rh негатив.